Работна група на СДСМ ќе го договара влезот на Алијанса во Владата

Од:

Извршниот одбор на СДСМ вечерва го разгледуваше проширувањето на владиносто мнозинство со нов политички субјект односно со Алијанса за Албаците рече портпаролката на партијата Богданка Кузеска по завршувањето на седницата.

– Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, информираше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел на можната соработка.Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија, а со тоа и директно да придонесат кон остварувањето на стратешките, национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учество. Извршниот одбор едногласно одлучи, партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса врз основа на политички и програмски принципи рече Кузеска.

За понатамошните разговори со Алијанса, ИО на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и координаторот на пратеничката група Јован Митрески.

– Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата, особено во однос на: унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, забрзан економски развој и напредок на државата, зголемување на ефикасноста на Собранието. Ова е чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ со сите реформи, чекори и потребни одлуки.Јасна диференцијација од двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар