Работилници за развивање на хуманоста кај децата во Кочани

Од:

Преку игра и забава децата да се запознаат со Црвениот крст како организација, која е неговата работа и да се развива хуманоста кај нив од најрана возраст, е целта на работилниците што втора година по ред се организираат со децата од големите групи од четирите клона на детската градинка „Павлина Велјанова“.

– Целта на овие десиминациски сесии е преку игра и забава да научат за самата организација на Црвен крст, за амблемот што го користи, за тоа што работи, а воедно да развиваме хумани вредности, солидарност и помош за друго лице кај децата, изјави Анета Коцева, секретар на ОО на Црвен крст Кочани.

Вакви работилници денеска се одржаа во централната градинка, а утре ќе се одржат уште две такви работилници во градинките во населбите „Тикешински лозја“ и „Руен“. Оваа активност која во кочанската градинка се реализира по втор пат е успешно прифатена. Соработката на Општинската организација на Црвен крст Кочани и детската градинка „Павлина Велјанова“ се најавува да продолжи и годинава преку реализирање неколку прокетни активности.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот