Работилници за можностите за отворање центри за ран детски развој

Од:

Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ денеска започнаа со серија работилници за претставници од сите општини во земјата за да се запознаат со можностите кои ги нуди новиот Закон за детска заштита. Најголема новина во законот е можноста од основање центри за ран детски развој како исплатливи алтернативи на детските градинки.

Дарка Петрушевска, државен советник во секторот за заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика, смета дека законските промени ќе заживеат само доколку се применат во пракса. За да го постигнеме тоа, вели таа, неопходно е сите општини да бидат добро информирани пред се за своите надлежности, но и за големиот потенцијал за креативно решавање на потребите од предучилишни програми. – Се до неодамна, единствен начин на кој општините можеа да одговорат на потребите од предучилишни програми беа градинките. Сега тие имаат законска можност да го зголемат опфатот и да го подобрат квалитетот на предучилишните програми преку отворање центри за ран детски развој, вели таа.

На работилниците, како што соопштија денеска од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, претставниците на општините ќе се запознаат со добрите практики од општините кои спроведуваат алтернативни форми на предучилишно образование, како и со можноста за партнерство со приватниот сектор, невладините организации и физичките лица кои со новиот закон можат да основаат детска градинка или центар за ран детски развој.

Тие исто така ќе се запознаат со можноста дел од трошоците за основање центар за ран детски развој да бидат покриени преку иницијативата на УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле за Македонија „Првите 5 се најважни на свет“.

– Децата кои добиваат квалитетен поттик во раното детство во организирани програми за ран детски развој и дома имаат поголеми шанси за успех во сите сфери од животот. Ова важи за сите деца, но најмногу за децата од маргинализираните семејства, вели Ража Мсефер Берада, заменик претставник на УНИЦЕФ.

Работилниците се дел од сеопфатната реформа за зголемување на опфатот на деца во квалитетни програми за ран детски развој која ја предводи Министерството за труд и социјална политика со поддршка од УНИЦЕФ и која веќе дава опипливи резултати за децата. Само за две години процентот на деца опфатени со организирани програми за ран детски развој пораснал од 22 проценти во 2011 до 34 проценти во 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Ана Ололовска

УНИЦЕФ: Дури 35.000 албански граѓани дополнително ќе ги погоди сиромаштијата, меѓу нив и 9.000 деца

А1он