Работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите

Од:

Министерството за здравство номинираше 85 лекари специјалисти од сите градови во Република Македонија, кои учествуваа на работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите, односно за имплементирање на добрите практики на фармаковигиланца во државата.

Од Министерството информираат дека оваа TAIEX работилница била организирана од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет од Скопје, а поддржана од Европската Комисија.

Прeдавачи на работилницата биле еминентни експерти, меѓу кои медицинскиот директор на UPSALA-мониторинг центарот од Шведска и претставник од Светската здравствена организација, како и раководителите на националните центри за фармаковигиланца од Хрватска и Црна Гора.

Сите номинирани лица, како што се посочува, добиле сертификат и претставуваат контакт лица на регулаторниот орган преку кои ќе се работи на подигнување на свесноста за пријавување несакани реакции од лекови и медицински средства и навремено ќе ги споделуваат со здравствените работници и пациенти сите значајни безбедносни информации за лековите и медицинските средства во нашата земја.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека се партнер на сите здравствени работници и пациенти и активно учествуваат по процесот на обезбедување квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и современа терапија за сите пациенти во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска