Работилница за заштита на личните податоци

Од:

„Заштита на личните податоци и cloud computing“ е темата на меѓународната работилница што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од инструментот за предпристапна помош на Европската комисија.

Целта е размена на добрите практики во однос на ризиците кои произлегуваат од користењето на cloud computing и начините за надминување на овие ризици. Ќе бидат презентирани и најдобрите примери на правното регулирање на односот помеѓу обезбедувачите на cloud computing сервисите и нивните клиенти, а од аспект на заштита на личните податоци кои се пренесуваат.

Експертите од надзорните органи за заштита на личните податоци од Словенија, Данска, Шпанија и Велика Британија ќе ги споделат своите искуства по однос на наведените прашања како и за поставувањето на техничките и организациските мерки за заштита на личните податоци.

Осврт ќе биде даден и на мислењата и насоките за cloud computing од страна на Работната група 29.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити вредни над 5.000 евра

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

Орце Костов

Од соседите, а не од Грција, ќе зависи дали ќе може да се патува со лична карта без „северна“

Орце Костов