Работилница за запознавање со европската заедница за научна едукација во Кочани

Од:

Наставници по природни науки и математика од основните училишта во Кочани денеска учествуваа на работилница за запознавање со заедницата за научна едукација во Европа „Scientix“.

Предавач на работилницата во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ беше професорката по биологија и природни науки Нада Ѕмбова Донева, која е амбасадор на „Scientix“ со седиште во Брисел.

– Организацијата „Scientix“ промовира и поддржува соработка меѓу наставниците, истражувачите и креаторите на политиките во СТЕМ образованието во Европа. Проектот произлегува по иницијатива на Европската комисија и уште од своето основање во 2010година, е координиран од страна на европската училишната мрежа, со седиште во Брисел од конзорциум од триесет министерства за образование. „Scientix“ е движечка сила за иновациите во наставата и поттикнува соработка меѓу училиштата и наставниците, рече Донева.

Целта на проектот, истакна Донева, е воведување на новини во наставата по природните науки како и професионална надоградба и развој на наставниците, размена на идеи и искуства со колегите од 42 земји од Европа.

Како амбасадор Донева ќе ги промовира активности на „Scientix“ со национални и локални субјекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот