Работилница за зајакнување на агро-метеоролошкиот сектор

Од:

Идентификување на идните потреби за зајакнување на агро-метеоролошкиот сектор, е целта на работилницата што ќе се одржи денеска во винаријата „Стоби“ во Градско.

Ќе се презентираат и резултатите од Проектната компонента „Јакнење на капацитетите на агрометеоролошкиот сектор за одговор на климатските промени“ што ја реализира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) со финансиска и техничка помош на ФАО.

Проектната компонента е дел од проектот „Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатски промени”, финансиран од ФАО, што се спроведе во периодот 2016-2018 година заедно со Министерството за земјоделство, УХМР, средните земјоделски училишта, граѓанскиот сектор и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

На работилницата ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, УХМР, ФАО, Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, организациите на земјоделци и граѓанските здруженија.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град