Работилница за соработката меѓу НАТО и ЕУ за стабилност во Западен Балкан

Од:

Од денеска до 29 август во Охрид ќе се одржи работилница на тема „Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на стабилност за Западен Балкан“.

Настанот е во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од Република Македонија. Работилницата е резултат на континуираната работа на Македонската асоцијација на Маршал Центар Алумни која веќе пет години организира работилници и работи на вмрежување на невладиониот сектор, како и градење на одржливи академски заедници во Западен Балкан на сегашните и идните лидери кои како дел од академската заедница работат на прашања поврзани со транснационалните закани или со прашањата поврзани со /за НАТО и ЕУ.

Работилница ќе се фокусира на развивање и размена на мислења за промовирање на евроатлантската интеграција, како и меѓусебно разбирање и соработка при креирањето и одржувањето на мрежите на алумни на Центарот за напредни безбедносни студии.

Работилницата се очекува да ја отворат високи претставници од НАТО и американската амбасада во Република Македонија. Еден од главните говорници е Марк Леити, претставник на НАТО. Своето присуство на работилницата го потврдиле и професорите од НАТО колеџот во Рим д-р Пал Дунау и д-р Себастиан вон Мунчоу. Предавачите се и професори од САД, Македонија и други НАТО и земји аспиранти за членство во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори