А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Работилница за ранливоста на културното богатство од климатските промени

by А1он02/07/2013 - 09:5107/07/2013 - 15:46241
Share0

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ) денеска организираат воведна работилница за анализа на ранливост на културното богатство од климатските промени.

Добивај вести на вибер

Анализата се спроведува во рамките на проектите „Трет национален извештај за климатски промени“ и Проектот за адаптација на климатските промени во Западен Балкан за што е ангажиран Институтот за управување со културното наследство преку консултантите д-р Мајкл Шмит и д-р Брита Рудолф од Германија.

Шмит и Рудолф ќе направат анализа, како климатските промени влијаат на културното наследство во нашата држава и акциски план со предлог-мерки за адаптација и соодветна заштита.

На овој начин, сите релевантни страни ќе се запознаат со важноста на поврзувањето на климатските промени со археолошките и историските структури што е национален и регионален предизвик, бидејќи не постојат претходни студии кои вршат процена на влијанието на климатските промени врз културното наследство и ќе се овозможи вградување на климатските промени во релевантните секторски политики и планови за заштита на културното наследство на национално и локално ниво.

kulturanasledstvo

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 14:58

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 11:09

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:19

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 11:16

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 11:54

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен