Работилница за проекти меѓу пограничните региони на Србија и Северна Македонија

Од:

Во рамки на проектот „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој“ Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион, денеска и утре во Скопје одржува работилница за идентификација и подготовка на заеднички концепт проекти. На работилницата учествуваат градоначалници, претседатели на општини и претставници на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион во Србија како и претставници на општини од северозападниот и скопскиот регион на Северна Македонија.

Целта на работилницата е препознавање на заеднички интереси и конципирање предлог проекти за подобра подготовка за претстоечката соседска програма Србија-Северна Македонија.

Проектот има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и општините од Северна Македонија и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија-Србија и Србија-Северна Македонија).

Претставници на градови и општини од Јабланичкиот и Пчињскиот регион во Србија и претставници на општини од северозападниот и скопскиот регион на Северна Македонија во октомври склучија партнерство и потпишаа меморандум за разбирање и соработка. На дводневната работилница ќе се направат поконкретни чекори во меѓусебната соработка.

Проектот го кофинансираат Развојната Агенција на Србија, Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион и 12 единици на локални самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион. Проектот се реализира од август минатата година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска