Работилница за новинари и граѓански организации: „Како до поквалитетни истражувања и подобра соработка“

Од:

Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, во Тетово организираат работилница за новинари и граѓански организации „Како до поквалитетни истражувања и подобра соработка?“.

Работилницата ќе овозможи размената на вештини, информации и искуства, како и можности за подобра комуникација и соработка меѓу граѓанските организации и новинарите.

Настанот ќе се одржи на 14 ноември, 2016 година во просториите на Поинтед консалтинг, ул. Дервиш Цара 5/3 во Тетово (спроти ОУ „Лирија“), со почеток во 11 часот.

Работилницата „Како до поквалитетни истражувања и подобра соработка?“ се организира во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Убиени се двајца новинари во Газа