Работилница за истраги и судења за предмети во врска со странските терористички борци во ЈИЕ

Од:

Компаративните искуства во врска со делата сторени од странски терористички борци, истрагите на овие кривични дела, како и размената на искуства во делот на меѓународната правна рамка, се теми на дводневната работилница посветена на „Истрагите и судењата за предмети во врска со странските терористички борци во Југоисточна Европа“ организирана од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

– Иако тероризмот е препознатлив криминалитет тешко е да се даде универзална дефиниција за овој поим, поради тешкотиите во дефинирањето на целите, на начинот на неговата примена, како и негово спречување, рече директорката на АСЈО „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска на отворањето на работилницата.

За разлика од порано кога терористите беа посветени на краткорочни активности за моментално постигнување политички цели во последните години, како што посочи, тероризмот е посветен на глобална трансформација.

– Сегашната форма на тероризам цели кон што повеќе жртви и што поголема популаризација, дури и самореклама на нивните активности, а при тоа не се бираат средствата, без разлика дали станува збор за самоубиствени напади или ќе се користи оружје за масовно уништување, рече Арнаудовска.

Се почесто, како што додаде таа, се користи сајбер тероризмот како нова форма на поттикнување, или финансирање на терористички активности, особено во правец на регрутација и радикализација на младите, нудење локации за пристап кон терористички организации, како што се кафулиња, библиотеки, интернет кафулиња.

Според неа, проблемот со сајбер регрутацијата и сајбер тероризмот речиси е невозможно да се спречи, бидејќи сторителите брзо се снаоѓаат по пресретнувањето и гасењето на едната страна, или ако е остранет, постои можност да се појави со нова адреса.

– Поради тоа новите форми на терористичките акти и регрутација изискува нова подготвеност и будност на органите на прогонот на интернет провајдерите, разузнавачките служби во правец на откривање на сторителите и откривање и обезбедување на доказите за сајбер криминалот, посебна специјализација и обука, како и нови национални и регионални одговори на заканите од овој тип, зголемена соработка помеѓу јавните институции и приватните компании со цел за обезбедување на доказите, ефикасна истрага и гонење на сторителите на дела поврзани со тероризам кој вклучува странски терористички борци, рече таа.

Република Македонија во насока на усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди, како што истакна, воведе значајни промени во кривичното законодавство, со воведувањето во Кривичниот законик, на кривичното дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“- чл 322-а ќе се казни со затвор од најмалку четири години.

– Измените на Кривичниот законик не предвидуваат казни за оние со државјанство на земјата во чии регуларни воени формации учествуваат или учествуваат во меѓународно признати мисии или мисии на меѓународни организации, додаде таа.

Леви Смајли, политички референт во амбасадата на САД во Македонија на работилницата потсети дека во 2014 година американската амбасада го поддржа развојот и донесувањето нови закони во Македонија за да се зацврсти законодавството против странските терористички борци.

– По донесувањето на овие закони Македонија уапси странски терористички борци и гонеше. САД се подготвен да и помагаат и понатаму на Македонија за целосно спроведување на ова заонодавство, вклучувајќи промовирање на регионална координација на полициските сили и обезбедување експерти за противтероризмот, истакна Смајли.

На работилницата се обратија професорот по кривично право на Факултетот за правни науки Универзитет во Сараево, БиХ, Алмир Мањевик и Хоакин Цукенберг од Одделот за спречување тероризам на УНОДЦ.

Според агендата свои обраќања ќе имаат и Шон Грифин поранешен шеф на единицата на Европол за атнитероризам, како и Франческо Курчио, јавен обвинител, член на Националниот директорат на Италија за борба против мафијата и тероризам.

На работилницата која е организирана во соработка со Канцеларијата за дрога и криминал на ОН и амбасадата на САД во РМ, учествуваат судии, обвинители, адвокати, претставници на МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање и од Управата за финасиско разузнавање.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“