Работилница за интегрирањето на родовите аспекти во работата на Собранието

Од:

Oхрабрување на жените да земат поголемо учество во работата на Собранието има за цел еднодневната работилница за проценка на родовата сензитивност што денеска се одржа денес во Скопје. Настанот е во организација на Националниот демократски институт и ОБСЕ.

На работилницата, како што информираат организаторите, учество земале околу 30 лица, вклучувајќи членови на Собранието од Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, Клубот на пратенички, како и други вработени лица во Собранието.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, во своето обраќање пред присутните посочил дека родовата еднаквост не е само прашање за бројот на застапени жени и мажи.

– Тоа воедно се однесува и на родово сензитивниот процес на носење закони, родово одговорното вршење надзор и родово сензитивните политики и практики на работење на Собраниската служба, истакна Која.

Пратеничката Даниела Рангелова, која е претседавач со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, рече дека Собранието презема важни активности во насока на охрабрување на жените и воспоставување на ефикасни родово институционални механизми и јавни политики во земјата.

– Оваа работилница ни овозможи да се стекнеме со нови знаења и ќе ни даде насоки за идните чекори кои треба да се направат. Дури и сега е јасно дека постои потреба за посистематски пристап во поглед на интегрирањето на родовите аспекти во нашето Собрание. Со нетрпение ја очекуваме понатамошната соработка со ОБСЕ за справување со предизвиците кои ги утврдивме на денешната дискусија, изјави Рангелова, се наведува во соопштението.

Како што информираат од ОБСЕ, мисијата ќе ги анализира податоците прибрани преку работилницата за проценка и ќе изготви детален извештај проследен со акциски план кој ќе му биде доставен на Собранието.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали