Работилница за деца за модернистичката архитектура

Од:

Плоштад Слобода објавува отворен повик за учество во работилница за деца посветена на модернистичката архитектура на Скопје, а поддржана од програмата за култура на Град Скопје.

Со вложување когнитивен напор и преку својата креативност, по посетите на одредени објекти, учесниците ќе се посветат на создавање нивен коментар, премислување и разбирање на модерното архитектонско наследство на Скопје.

Учеството во предвидените работни сесии ќе им помогне на децата да ги подобрат своите аналитички и уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на своето индивидуално и колективно уметничко изразување, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво.

Со учество во овој проект децата вклучени во истиот ќе ја разберат важноста на посветеноста и можноста таа да биде забавна и исполнителна. Работилницата предвидува посета на некои од најинтригантните скопски модернистички објекти, како и креативни работилници кои ќе резултираат со издание за деца. Работилниците ги водат Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет, како и Доротеј Нешовски, визуелен уметник.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош