Работилница за човекови права во Маврово

Од:

„Улогата и компаративните искуства во примена на интегриран пристап при имплементација на меѓународните обврски за човекови права“ беше тема на работилницата што денеска и вчера се одржа во Маврово, а ја организараше Министерството за надворешни работи во соработка со Канцеларијата на Резидентниот координатор на ОН во Република Македонија.

Работилницата беше наменета за членовите на Меѓуресорското тело за човекови права.

На настанот се обрати министерот Никола Попоски кој раководи со Меѓуресорското тело за човекови права во кое членуваат државните секретари на ресорните министерства, директори на релевантни агенции и претседатели на независни национални тела за човекови права.

Попоски ја потенцираше важноста на темата посветена на начините за исполнување на меѓународните обврски од области поврзани со човековите права, а се осврна и на досегашната работа на Меѓуресорското тело за човекови права, како и на идните обврски и можности за негово натамошно зајакнување.

Покрај него, обраќање и презентации имаа и Луиза Винтон, резидентен координатор на ОН во Македонија, Пауло Дејвид, шеф на Оддел за градење капацитети и хармонизација во Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ООН во Женева и Клод Кан, советник за човекови права во Канцеларија на Резидентниот координатор на ООН во Молдавија.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски

Стејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка