Работилница на ИЈЗ за влијанието на аерозагадувањето врз здравјето

Од:

Пленарна сесија со работилница за проценка на ефектите на загадениот воздух врз здравјето на луѓето во скопскиот регион ќе одржи денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија во соработка со претставници на Институтот за здравје и благосостојба на Финска, во рамки на Твининг проектот за јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ за квалитет на воздухот.

На стручниот собир, кој ќе се одржи во Деканатот на Медицинскиот факултет Скопје, информираат од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, ќе бидат застапени теми кои се однесуваат на состојбата со аерозагадувањето во Македонија, последици и мерки за превенција, меѓу кои: квалитет на воздухот, тековна состојба, зголемување на смртноста поврзано со загадувањето на воздухот, Националниот план за процена на влијанието по здравјето од загадувањето на воздухот, воспоставување дисперзиони модели за оценка на квалитетот на воздухот, оптоварување со болести од фактори на животната средина…

Предавачи ќе бидат проф. д-р Драган Ѓорѓев и ас.д-р Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Анета Стефановска и Мартина Спасовска од Министерство за животна средина и просторно планирање, Сари Лапи од Финскиот метеоролошки Институт и Изабел Румрих и Ото Ханинен од Институтот за здравје и благосостојба на Финска.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Драстично зголемување на бројот на заболени од грип

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски