„Август 13, 2001 беше денот кога се потпиша Охридскиот рамковен договор што го запре 6 месечниот конфликт, и како документ, спонзориран од меѓународната заедница, требаше да овозможи една подобра иднина за Македонија и нејзините граѓани, посебно за Албаниците, но и за другите помали заедници, со цел да не се чуствуваат како граѓани од втор ред“, стои во соопштението на движењето PYKA.
Денес, 13 август 2012 година, 11 години после потпишувањето на овој договор,
Движењето PYKA, со цел одбележувањето да биде целосно, предлага една копија од оргиналниот договор да се достави до музејот на ВМРО, како значаен документ за македонската државност, а согласно повикот на Министерството за култура за доставување на важни документи до овој музеј.
Договорот, велат, во изминативе години бил манипулиран и силуван од страна на политичките партии, и како таков се ставил во корист на тесните лично-партиски интереси, а не во интерес на сите граѓани во целина.
Движењето PYKA, по повод одбележувањето на годишнината на Охридскиот рамковен договор, има конкретен предлог, а тоа е да се врати суштината и функционирањето на овој договор, во интерес на граѓаните, и да се заштити од политичко-партиските злоупотреби.
После 11 години на ваква имплементација на овој договор, движењето смета дека нема потреба повеќе да постои Секретаријатот за имплементација на договорот, како и да се укине функцијата заменик-премиер за имплементација на Охридскиот рамковен договор. Обврските и задачите што произлегуваат во целост да ги превземе Владата на Република Македонија, како колективен орган, предлага движењето PYKA.