Пуштено во употреба новото ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром

Од:

Во Реонски центар – Аеродром  денеска беше пуштено во употреба новото основно училиште „Александар Македонски“. Настава ќе посетуваат околу илјада ученици во 18 училници. Изградбата на училиштето ја овозможи Владата на Република Македонија и МОН за што беа одвоени околу 130 милиони денари.

Новото училиште во употреба го пуштија премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот Ивица Коневски.

Оваа учебна 2013/2014 година во „Александар Македонски“ се организира настава за ученици од прво до петто одделение. Од наредната учебна година се очекува да се зголеми бројот на деца кои ќе се запишат во ова училиште.

Новото училиште е на површина од 5.300 метри квадратни распоредени на три нивоа. Во него се сместени 14 училници и четири опремени кабинети, со капацитет од 800 до илјада ученици во две смени кои ќе следат настава на македонски јазик. Во состав на објектот е изградена спортска сала со површина од 420 метри квадратни.

Изведувач на проектот беше „Бетон“ од Скопје, а Општина Аеродром хортикултурно го уреди објектот, ја презема одговорноста за натамошно менаџирање на овој објект и го набави мебелот и опремата потребни за внатрешно уредување на училиштето.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он