Пуштена во употреба онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk

Од:

Пуштена е во употреба онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сублимирани и достапни на онлајн платформата. Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 vakcinacija.mk , посочуваат од Министерството.

Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење заразни болести и спасување животи. Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата, стои во соопштението.

Согласно податоците од онлајн платформата, вакцина против Ковид-19 примиле 5245 здравствени работници, а за вакцинација се пријавиле вкупно 138 457 граѓани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска