Пуштена во употреба нова улица во гостиварската населба Млаки

Од:

Општина Гостивар попладнево ја предаде во употреба нова улица во населбата „Млаки“, долга 350, а широка пет метри.

Изградбата на новата улица и поплочувањето се финасирани со пари од општинскиот буџет. Уредениот простор зафаќа површина од околу 1.700 метри квадратни, а вредноста на инвестицијата е околу 30 илјади евра.

– Населбата Млаки ја сметаме за една од најважните периградски населби во градот. Тука, во изминатите четири години реализиравме повеќе проекти, а денеска ја промовираме шестата улица. На овој начин во битна мера ги подобривме условите и го олеснивме животот на граѓаните, рече градоначалниот Невзат Бејта.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар