Пуштена во употреба нова лабораторија на Институтот за патологија

Од:

Нова лабораторија инсталирана на Институтот за патологија е пуштена денеска во употреба. Станува збор за лабораторија за електронска микроскопија, која чини 800.000 евра, и е една од најмодерните кои се набавени во државата.

На пуштањето во употреба на лабораторијата присуствуваше премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со министрите за здравство и за образование и наука, Никола Тодоров и Панче Кралев.

– Набавен е микроскоп кој досега го немаше и заради кој оваа лабораторија на некој начин беше хендикепирана и не можеше да ги извршува сите дејства. Овој микроскоп, оваа лабораторија за електронска микроскопија, чини 800.000 евра и е една од најмодерните и заедно со Загрепската е единствена во регионот на Југоисточна Европа, така што ќе биде од голема придобивка не само за Институтот за патологија туку ќе биде од корист за целото македонско здравство, изјави премиерот Груевски.

Лабораторијата, посочи тој, ќе биде корисна и за други универзитети во Македонија, за студентите, за професорите, за научни трудови, за дијагностицирања кои досега не можеа да се прецизираат без оваа лабораторија.

– Најчесто се утврдуваше дека некој има канцер меѓутоа не можеше да се утврди кој тип на канцер. Сега со оваа лабораторија и со онаа која ја набавивме на Факултетот за фамрација може да се утврдат типовите на канцер и точно кој лек треба да се даде, односно кој вид цитостатици. Ќе се намалат и парите кои се даваа во минатото за да се испраќаат примероци во други држави, истакна Груевски.

Според него, најважни се придобивките за пациентите, за оние кои се болни и чекаат да им се утврди точна и прецизна дијагноза и да им се дадат точни и прецизни лекови за лекување, а не општи или погрешни.

– Овој микроскоп е за сите други истражувања на клетки, делови од клетки, молекули, за дијагностицирање на разни бубрежни и други видови заболувања каде што е потребна прецизна микроскопска и микробиолошка анализа, додаде премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти