Пуштен е во употреба Модуларниот паркинг во Кавадарци

Од:

Пуштен е во употреба т.н. Модуларен паркинг во Кавадарци по кражбата на затегнувачите.

​- По извршениот увид е констатирано дека оштетувањата не ја нарушуваат статичката стабилност на објектот, но влијаат врз долготрајноста на неговото користење, соопшти Општината.

Во функција на враќање на првобитната состојба, при обиколката е направена и спецификација на деловите што недостасуваат. Откако ќе бидат набавени, ќе бидат вградени на местата од каде беа украдени.

Општината апелира возачите кои го користат паркингот, строго да се придржуваат на пропишаните сообраќајни знаци особено во однос на дозволената тежина и висина на возилата.

– Ако граѓаните забележат и какви било сомнителни дејства врз објектот, да ги информираат Опшината и надлежниот полициски орган, додава Службата за односи со јавност на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он