Пунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран

Од:

Пунктот за бездомни лица во Момин Поток ќе биде отворен 24 часа до завршување на стидениот бран, за прифаќање на лицата кои имаат потреба да бидат згрижени во деновите кога температурите паѓаат под нулата.

Како што информираат од Град Скопје, тимови од пунктот со возило ги преземаат бездомниците од местата каде што се лоцирани, а бездомниците може да го повикаат тимот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.

Пунктот за бездомни лица функционира веќе осум години. Тој е отворен преку целата година и лицата два пати неделно може да користат услуги за одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, како и дневен оброк кога лицето е во пунктот. Во 2010 година од буџетот на Град Скопје се набавени и целосно опреми два контејнера со 16 кревети и бања.

Досега, со поддршка на Град Скопје, 8 лица се работно ангажирани во јавните претпријатија. Оваа практика, како што информираат од Град Скопје, е планирано и во иднина да продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани. Црвен крст на Град Скопје, кој е координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, секоја година е поддржан со 500.000 денари од буџетот на Град Скопје.

Градот Скопје, како што се наведува во соопштението, и во иднина од буџетот ќе издвојува средства за финансирање на овој пункт и за проширување на неговите капацитети, односно за помагање на оваа катергорија граѓани и на сите граѓани коишто имаат потреба да бидат згрижени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски