Пукано кон возило „БМВ“ кај поранешна градска болница во Скопје

Од:

Во Скопје во близина на автобуската постојка пред Градска општа болница-Св.Наум Охридски, синоќа околу 23,35 часот  две непознати лица кои биле со моторцикл пукале од огнено оружје кон патничко возило „БМВ“ сопственост на А.И. од Скопје, а управувано од С.К. (18) од велешкото село Бузалково.

МВР денеска соопшти дека нема повредени и извршен е увид на лице место. Пронајдени се три чаури и искршено е стаклото од автобуската постојка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип