Пукано кон хотел „Ројал“ во Тетово

Од:

Во Полициската станица во Тетово, Џ.И.(47) од село Челопек синоќа пријавил дека околу 22,05 часот на регионалниот пат Тетово-село Брвеница, во близина на надвозникот за село Брвеница, непознат сторител движејќи се со патничко возило, испукал неколку проектили од огнено оружје во правец на хотелот „Ројал“, инаку негова сопственост.

Излезено е на местото на настанот, пронајдени се шест чаури од пиштолска муниција, додека од пукањето оштетени се влезната врата, страничните стакла и ѕидовите од внатрешноста на хотелот.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата