Пукање во Студеничани: Mаскирани лица напаѓаат во околината

Од:

Пет лица облечени во маскирни униформи запрела група од 18 мигранти од Сирија и заканувајќи им се со огнено оружје им одземале 335 евра, 8000 денари и два мобилни телефони. Едно од маскираните лица почнало и да пука при што повреден е еден Сириец во пределот на поколеницата.
Во тој момент Сиријците ги нападнале своите напаѓачи. Го совладале оној со оружјето и му го одземале по што случајот бил пријавен во полиција а оружјето предадено на полициските службеници.

Повредениот сириски државјанин со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Против Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава додека пак по останатите лица интензивно се трага.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена