Пукање во Липково: Еден повреден во роднинска караница за имот

Од:

Во СВР Куманово вчера е пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско.

Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од с.Липково, околу 17.30 часот во неговата викенд куќа во близина на с.Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес