Пукање во Чаир, полицијата пронајде чаури, но не и лицата кои ги испукале

Од:

Утрово пукотници се слушале во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, за подоцна настанот да го пријават во полицијата.

Службеници излегле на терен, потврдуваат од МВР, по што додаваат дека се пронајдени чаури. Засега не се знае кој и зошто пукал.

„Денес по 10 часот било пријавено дека на улицата Џон Кенеди се слушнало пукање од огнено оружје. По пријавата е излезено на местото на настанот, но не се пронајдени лица, а пронајдени се само четири чаури“, велат од МВР.

Пред две недели во Бутел од автоматска пушка беа испукани стотина куршуми кон скопјанец, а тој тоа го пријави во полиција.

Засега, овие два настани не се поврзуваат. За пукањето во Бутел се чека резултат од истрагата која треба да покаже кој пукал, како и причините за тоа.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари