Пукање пред угостителски објект и градинка во Скопје, едно лице повредено

Од:

Во СВР Скопје изутрината во 5:45 часот било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на улицата „Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон 24-годишниот К.Т. од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата.

Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна елипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени шест чаури од муниција за пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес