„Пуцко петрол“: Не сме доставувале мазут до ЕСМ

Од:

Од компанијата „Пуцко петрол“ попладнево испратија соопштение во кое категорично отфрлаат било каква вмешаност со набавката на мазут.

„Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај, претставувајќи го „Пуцко петрол“ како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме”. Нападот врз „Пуцко петрол“, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ.

Никогаш не сме увезувале Мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост, согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према „Пуцко петрол“ надминува една милијарда денари.

„Пуцко петрол“ не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ. Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации, затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се прават и се до сега веќе направени штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба“, велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните

(ВИДЕО) Стојаноски: Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за Капушевски и Јахоски за перење пари: одземена документација, муниција, возила

Катерина Ѓуровски

Јаревски: Стевчо Јакимовски го бетонизира Карпош за бизнис од 600 милиони евра за „Пуцко Петрол“ близок до СДС и ДУИ