ПССЕ ќе расправа за извештајот за изборите во Република Македонија

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на зимската сесија (23 – 27 јануари) денеска ќе го разгледа извештајот за парламентарните избори во Македонија, кои беа набљудувани од негова делегација, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Покрај извештајот за спроведените избори, на дневниот ред на ПССЕ најзначајната дебата е посветена на нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа, за предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството, како и потребата да се стави крај на кибердискриминацијата и говорот на омраза на интернет.

Меѓу барањата за итни дебати на пленарната сесија се најдоа „Функционирањето на демократските институции во Турција” и за „Кога великодушност, алтруизмот, хуманоста и западните демократски слободи се соочуваат со радикална нетолеранција и насилство: итен повик за реформа на неефикасните европски политики за миграција, интеграција, безбедност и контрола на границата “. Како актуелна дебата е предложена расправата за „Ситуацијата во Сирија и нејзиното влијание врз соседните земји”.

Никос Анастасиадес, претседател на Кипар, Клаус Јоханис, претседателот на Романија, и Јоханес Хан, еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, треба да им се обратат на пратениците од 47-те земји членки на Советот на Европа.. Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, ќе му се обрати на ПССЕ, а министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес, ќе се обрати исто така како дел од кипарското претседателство со Комитетот на министри.

Дел од прашања на дневниот ред на сесијата се дискусиите за функционирањето на демократските институции во Украина, за ситуацијата во Либан и ризиците за регионалната стабилност и безбедност на Европа и хуманитарната криза во Газа. Собранието, исто така, ќе ја разгледа и еволуцијата на постапката за мониторинг на ПССЕ за периодот од септември 2015-декември 2016 година.

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во С. Македонија е задоволително

Ана Ололовска

ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок во медиумските слободи, со внимание ќе се следи изборниот процес

Ана Ололовска

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

Ана Ололовска

ПССЕ: Намaлeн притисокот врз медиумите и новинарите во С.Македонија

Ана Ололовска

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија

Ана Ололовска