А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

by А1он30/01/2020 - 09:26296
Share0

Откако беа оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација во Стразбур на почетокот на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Комисијата за правила (деловнички прашања) на ПССЕ одлучи да и ги ратификува акредитивите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сесијата започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените.

Македонското собрание со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, што го става на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само две се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата. Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја.

По објаснувањата од македонската делегација во состав Никола Попоски, Шпреса Хадри и Бетиан Китев, беа прифатени акредитивите, со оглед дека делегацијата брои само три члена и уште три нивни заменици, а меѓу замениците има уште една жена пратеник. Во случај ако делегацијата беше побројна, тогаш можеше да има поголема родова застапеност, со почитување на политичката застапеност во Собранието на Северна Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку Комисијата за правила на Собранието заклучи дека треба да бидат ратификувани акредитивите на уште две национални делегации оспорени на процедурални основи на отворањето на сесијата – оние на Молдавија и Шпанија, додека за Руската Федерација одлуката беше донесена на ниво на ПССЕ. Мислењето на комитетот беше доставено во писмото до Претседателот, кое беше прочитано на пленарна сесија без расправа.

Што се однесува до ингеренциите на молдавската делегација, таа беше оспорена со образложение дека опозициската партија Сор не е застапена, комисијата заклучи дека нејзиниот состав треба да биде ратификуван, при што истакна дека „едно празно место на заменик е во принцип доделено на партијата Сор“ и посочи дека партијата одбила да го назначи својот член.

Во врска со акредитивите на шпанската делегација, оспорена со образложение дека не вклучува членови на партијата „Вокс“, Комисијата заклучи дека исто така треба да бидат ратификувани и нејзините акредитиви. Притоа беше забележано дека парламентот има назначено привремена делегација, која има три слободни места за заменици, додавајќи: „Фактот дека има слободни места во шпанската делегација подразбира дека членовите на групата Вокс, кои во моментов не се застапени во делегацијата, ќе бидат во можност да се придружат на истата“.

psse

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски01/05/2025 - 09:4701/05/2025 - 10:35

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во С. Македонија е задоволително

Ана Ололовска01/02/2021 - 13:25

ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок во медиумските слободи, со внимание ќе се следи изборниот процес

Ана Ололовска31/01/2020 - 12:5931/01/2020 - 12:59

ПССЕ: Намaлeн притисокот врз медиумите и новинарите во С.Македонија

Ана Ололовска28/01/2020 - 12:15

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија

Ана Ололовска03/10/2019 - 08:0703/10/2019 - 11:51

ПССЕ доцна вечер ќе расправа за извештајот за Северна Македонија

Ана Ололовска02/10/2019 - 12:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто