А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ПССЕ ќе ги следи изборите во Македонија

by А1он14/10/2016 - 13:11167
Share0

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе ги следи изборите во Македонија закажани за 11 декември оваа година, за што Бирото на ПССЕ избра ад-хок комисија во која се претставени сите политички групи на паневропската асамблеја, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Добивај вести на вибер

Во делегацијата се наоѓаат вкупно 20 парламентарци и уште 12 нивни заменици, како и претставници на секретаријатот на ПССЕ.

Делегацијата најверојатно ќе ја предводи Стефан Шенах (социјалист од Австрија), кој веќе престојуваше во Македонија на 26 и 27 април во предизоборна мисија, кога беше направена проценка на политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, чиј датум потоа беше поместен за декември.

Во делегацијата на ПССЕ која ќе ги следи изборите се наоѓаат и двата известувача за Македонија во комисијата за следење на обврските на нашата земја преземени со членството во Советот на Европа, Лис Кристоферсен (Ноорвешка, социјаситичка група) и Валериу Гилетчи (Молдавија, Народни партии). Овие избори сигурно ќе најдат значајно место во извештајот кои тие го прават во рамките на пост-мониторинг дијалогот кој го води ПССЕ со Македонија.

ПССЕ ја испраќа својата делегација на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Велјаноски.

Шефот на македонскаат парламентарна делеагција при ПССЕ Александар Николоски, ја поздрави одлуката на ПССЕ да испрати делегација која ќе ги следи престојните парламентарни избори.

– Со тоа ПССЕ покажува како и многупати досега дека изборите во Македонија се решение за политичката криза и начин граѓаните да го кажат своето мислење и да го направат својот избор, изјави Николоски.

Делегацијата на ПССЕ која минатата пролет престојуваше во Македонија и се сретна со претсавници на сите политички партии, невладини организации, медиуми и дипломати,  по враќањето во Стразбур потсети дека „предвремените парламентарни избори беа свикани во рамките на спроведувањето на договорот од Пржино за кој посредуваше ЕУ со цел да и се стави крај на политичката криза што следеше по претседателските и на почетокот парламентарни избори во април 2014. Главната опозициска партија ги оспори резултатите од изборите и го бојкотираше парламентот до септември 2015 година.“

Делегацијата тогаш ги повика сите страни целосно да го спроведат договорот од Пржино, кој нуди пат за да се извлече земјата од кризата и кој на долгореочен план нуди системски решенија. Таа исто така  повика да се постигне политички договор за да се обезбеди непречено изборната кампања, за да покаже одговорност и отчетност во намалување на тензиите во општество во интерес на граѓаните, а за доброто и стабилноста на земјата.

izboripsse

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0019/10/2025 - 15:08

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски19/10/2025 - 16:3219/10/2025 - 16:33

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Горан Наумовски19/10/2025 - 14:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен