ПССЕ донесе нови правила со кои може да воведе постапка за отповикување на функционери

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на денешната пленарна седница одлучи да го промени својот деловник и да воспостави постапка со која се овозможува да се отповикуваат, односно одземаат мандатите на негови членови или на негови избрани носители на функции, за време на нивниот мандат, кога се смета дека е загрозена институционалната одговорност и угледот на институцијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Резолуцијата усвоена денеска, врз основа на извештајот на Лилијан Маури Паские (Швајцарија,) појаснува дека оваа постапка нема казнен карактер, а се однесува само на истакнати функции, односно претседателот и заменик-претседателот на Парламентарното собрание и претседатели и потпретседатели на комисиите.

Сега, Собранието може да им стави крај на мандатите со образложение дека „тие веќе не ја уживаат довербата на Собранието”, или дека тие повеќе не ги исполнуваат условите за вршење на своите должности или пак ако тие извршиле тешко кривично дело, со кршење на серозен и или повеќекратни начин на одредбите од кодексот за однесување за членовите на Парламентарното собрание.

Резолуцијата стапува во сила веднаш по нејзиното донесување.

На претходната сесија во април, бирото на ПССЕ му изрази недоверба на актуелниот претседател Педро Аграмунт (Шпанија) по неговата контраверзна посета на Сирија. Со донесувањето на оваа резолуција, ПССЕ може да го разреши актуелниот претседател, што досега не е забележано во историјата на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска