ПССЕ денеска ќе расправа за Македонија

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) доцна попладне ќе расправа за Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Извештајот е изготвен од британскиот парламентарец Роберт Волтер, и беше усвоен од страна на Мониторинг комисијата на ПССЕ пред околу еден месец. ПССЕ со овој Извештај  воведе и нова практика, односно претставување на истиот на властите на една земја пред неговото разгледување од страна на парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа. Тоа беше и целта на посетата на претседателот на ПССЕ, Жан-Клод на почетокот на месецот на Република Македонија, каде се сретна со највисоките претставници на македонските власти.

Во Извештајот се опфатени сите сегменти од евроинтеграциите на Република Македонија: борбата против корупцијата, пост-изборните настани, функционирањето на Парламентот, Охридскиот рамковен договор, реформата на судството, администрацијата, човековите права, малцинските, јазичните и културните права, борбата против трговијата со луѓе, прашањето за лажните азиланти, резултатите и проценка на изборните резултати од 5 јули 2011, како и локалните избори годинава.

Посебен дел во Извештајот е посветен и на случувањата по 24 декември, но тоа што е важно  треба да се нагласи е делот кој се однесува на интеграциите во НАТО и ЕУ.

ПССЕ дава јасен став дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ и презентира досега најјасен став околу ова прашање како и блокадата на интеграциите од страна на Грција. Имено во резолуцијата во точката два се вели:

„ПССЕ жали што прашањето за името продолжува да го одложува отварањето на преговори за членство во ЕУ, иако за тоа има препораки секоја година од 2009 досега од страна на Европската комисија, како и обидот на Македонија за членство во НАТО, притоа без да се почитува од страна на Грција одлуката на Меѓународниот суд на правдата (ICJ) од 5 декември 2011 г. ПССЕ се надева дека Грција ќе примени и прифати пофлексибилен приод кон решавање на ова прашање. ПССЕ ја поканува Македонија да го продолжи дијалогот под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето на името, како и да развива конструктивни односи со соседите, со тоа придонесувајќи за целокупната стабилност на регионот“.

Во текот на целиот текст на предложената нацрт резолуцијата и препораката се користи терминот – Македонија и придавката македонски како јасен став на известителот Роберт Волтер како и на ПС на Совет на Европа.

Инаку ова не е првпат известител на ПССЕ да го користи само терминот Македонија.Во предложениот документ од страна на Роберт Волтер не е предложено затворање на пост-мониторинг дијалогот, но тој најавува дека тоа ќе треба да биде направено наскоро. Треба да се знае дека и земји-членки на ЕУ се уште се под постмониторинг дијалог со ПССЕ. За ивештајот и препораката не се предложени амандмани, освен од страна на македонската делегација при ПССЕ.

Мониторинг комисијата е една од најважните комисии на ПССЕ. Од 47 земји членки на Советот на Европа под мониторинг се наоѓаат Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Руската федерација, Грузија, Црна Гора, Молдавија, Србија и Украина. Четири други земји се во процедура на пост-мониторинг дијалог, Бугарија, Македонија, Монако и Турција.

Процедурата за следење на земјите-членки се состои во редовни посети на земјите кои се опфатени со неа за да се направи проценка на напредокот постигнат во дијалгот со властите, политичките сили, судската власт и граѓанското општество и подготовка на извештаи кои се рагледуваат од ПССЕ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески