Првороденчето Максим, родено со само 820 грама, си оди дома здраво и трипати потешко

Од:

Од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство информираат дека предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела, денеска си замина дома од оваа установа. Максим дојде на светот со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологија замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се породи со царски рез и Максим е нејзино прво дете.

Новороденчето помина 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапија и беше на механичка вентилација. Од Клиниката замина во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.

„Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство“ – истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on