Првооделенец од кумановското училиште „Крсте Мирисков“ позитивен на коронавирус, цело одделение и наставничката во изолација

Од:

Ученик од прво одделение од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ е позитивен на коронавирус, соопштија денеска надлежните од училиштето. По препорака на стручните служби од Центарот за јавно здравје целото одделение и учителката се во изолација.

– Наставничката нè информираше дека првин родителот на ученикот бил тестиран во петокот, пред продолжениот викенд, покажан е позитивен резултат, потоа, за време на викендот се појавиле благи симптоми кај ученикот, било извршено тестирање, резултатот стигнал ден подоцна и се покажал позитивен. Во координација со Центарот за јавно здравје Куманово, известени сме дека превентивно, одделенскиот наставник и учениците од тоа одделение ќе мора да заминат во изолација. Наставата ќе ја продолжат онлајн-изјави директорот на „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ.

Во ова одделение настава следеле 30 ученици, поделени во две групи по 15 првоодделенчиња. Наставата се следела со соодветни мерки, меѓу учениците имало и плексиглас паравани, но, превентивно по насоките на епидемиолозите и двете групи и наставничката морале да заминат во изолација од денеска.

– Би апелирал до родителите, до наставниците, до граѓаните, да внимаваме сите, учениците не се 24 часа на училиште, максимално да ги почитуваме мерките, здравјето на најмалите е на прво место, порача Јовановиќ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска