Првомајска со привремен сообраќаен режим

Од:

Заради изведување градежни работи, од вторник ќе се воведе привремен сообраќаен режим на улицата Првомајска

Возилата коишто сообраќаат од Драчево кон центарот на градот ќе се движат по тротоарот, а возилата што сообраќаат од центарот на градот кон Драчево ќе се движат по левата сообраќајна лента.

На оваа делница ќе биде поставена соодветна патна сигнализација. Движењето на пешаците ќе биде обезбедено со ограда.

Овој привремен сообраќаен режим ќе трае два месеца. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја ограничат брзината на движење.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош