Прво разрешување на Зврлевски, па потоа пратениците на одмор

Од:

Од утре почнува собраниската дебата за ребалансот на Буџетот. По Комисиската расправа и големиот број амандмани, законодавниот дом има 5 дена за дискусии по што се оди на гласање. Ова е решение во Деловникот, кој го изгласа ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт.

Но ова не значи дека пратениците ќе заминат на вообичаениот августовски одмор. Прво ги чека жешката тема-разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и отпочнување на 15 дневната процедура за избор на нов обвинител.

Пратеникот на СДСМ и партиски потпретседател, Благој Бочварски вчера изјави дека ако треба, парламентарното мнозинство ќе се откаже од одморот се додека не се разреши Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Како во оваа ситуација ќе се однесува опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се открива. Тие речиси сите се пријавија за дискусија на почетокот на точката за разрешување на Зврлевски.

Досега за ниту еден јавен обвинител немало маратонски дебати.

За разрешување на Марко Зврлевски позтивно се изјасни и Советот на јавни обвинители, Освен Петар Аневски, тие едногласно кажаа дека Зврлевски треба да замине од функцијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а краен рок да ги распише локалните избори е 6 август, но тоа може да се случи и порано.

Пратениците не е задолжително да одат на одмор, иако тоа им го овозможува Деловникот. Доколку има неодложна и важна тема, тогаш тие, според Уставот се во постојано заседание.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов