Првите вакцини АстраЗенека преку Ковакс пристигнуваат во недела наутро, најави Филипче

Од:

Првите вакцини на компанијата АстраЗенека, кои Македонија ќе ги добие преку механизмот Ковакс, координиран од СЗО, ќе пристигнат во земјава во недела, најави министерот за здравство Венко Филипче на својата фејсбук-страница.

„Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот“, напиша Филипче на Фејсбук.

Ова е првата поголема пратка од долгоочекуваните вакцини, по неколкуте илјади дози од компаниите „Фајзер“ и руската „Спутник V“ со кои се вакцинираше медицинскиот персонал.

Со пратката од Ковакс, според владиниот план за вакцинација, треба да биде почната втората фаза, во која, според најавите од здравствените власти, ќе се имунизираат луѓето постари од 65 години, лица од 18 до 64 години со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест, здравствени работници од институтите и центрите за јавно здравје, фармацевти, стоматолози и друг здравствен персонал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, новинари, како и вработените во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физичко присуство на работа.

Македонија е една од последните земји во регионот што добива вакцини преку Ковакс, кој е замислен како механизам за помош при имунизацијата во неразвиените и во земјите во развој. Околу 90 отсто од вакцините кои се распределуваат преку специјалната програма се на британско-шведската компанија АстраЗенека, а од нив, над две третини се произведени по лиценца, во Индискиот институт за серум – најголемата фабрика за вакцини во светот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски