Првиот претседавач на Собранието Никола Стојановски наполни сто години

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска беше домаќин на првиот претседавач на првото повеќепартиски Парламент, д-р Никола Стојаноски, кој како најстар избран пратеник ја имаше таа чест и одговорност на 8 јануари 1991 година да ја отвори конститутивната седница на тој пратенички состав.

На приемот, покрај Џафери, беа присутни и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на партеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески и Никола Мицевски, претставникот на Движењето БЕСА, Бастри Бајрами, генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, замениците генерални секретари и други претставници од собраниската служба.

Повод за денешниот прием беше заедничкото одбележување на неговиот 100-ти роденден, меѓутоа и одлична прилика да се слушне непосредно од д-р Стојаноски за чувството и искуството кое го доживеал на тој толку значаен историски ден од поставувањето на темелите на повеќепартиското Собрание и градењето на еден нов почеток за државата, нов за сите присутни на таа пленарна седница. Истовремено, горд што сепак успеал да ја исполни својата должност без забелешки.

– Во искрениот и непосреден разговор со присутните, почитуваниот д-р Стојаноски, со сиот свој позитивизам и енергија, упати порака до присутните и до следните генерации дека постарата генерација се потпира на тоа дека младата генерација ќе стори подобро и поубаво од претходните генерации за да биде добро за сите, и за државата и за народот, се посочува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Претседателот на Парламентот Џафери и сите присутни на средбата му посакаа на д-р Стојаноски добро здравје и уште многу родендени и идни средби во законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“