Првиот човек на Светската туристичка организација во посета на Охрид

Од:

Генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи, во рамки на официјалната посета на Македонија, денеска престојуваше во Охрид каде оствари средба со претставници од локалната самоуправа, предводени од заменик-градоначалникот Ангел Јанев.

– Во светот нема многу места каде што на ваков уникатен начин како во Охрид се испреплетени природната убавина, културно-историското богатство, убавината на планините и езерото. Ова место заслужува да биде познато за остатокот од светот, изјави Рифаи, најавувајќи дека во рамки на Светската туристичка организација ќе иницира низа мерки за промоција на Охрид.

Тој укажа на потребата од одредени интервенции во делот на подобрување на инфраструктурата, но сепак со уверување дека Охрид заслужува место меѓу најпознатите туристички дестинации од светски ранг.

Заменик-градоначалникот Јанев по средбата брифираше дека на состанокот било разговарано за активностите што ги спроведува Охрид за промоција на туризмот. Акцент бил ставен на замислата за поврзување на Дубровник и Охрид, односно туристите кои престојуваат во Дубровник на неколку дена да доаѓаат овде, идеја што наишла на поддршка кај првиот човек на Светската туристичка организација.

Била разгледувана и можноста токму во Охрид во догледно време да се одржи голем конгрес на туристички работници од светски ранг, собир во организација на Светската туристичка организација.

Би можело да ве интересира

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски