А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Први на референдумот гласаат членовите на избирачките одбори во ДКП-та

by А1он25/09/2018 - 09:1525/09/2018 - 09:16163
Share0

На едно избирачко место во Државната изборна комисија (ДИК) утре почнува гласањето за референдумот на 30 септември.

Добивај вести на вибер

Први ќе се изјаснат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои по гласањето ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот.

Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.

Ќе се гласа во ДКП-та во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.

Најмногу пријавени за гласање има во Берн 321, Венеција 264, Љубљана 217 и во Виена и Торонто каде изјаснување ќе има за по 151 македонски државјанин. Најмалку, само 10 се пријавени за гласање во Будимпешта, 13 во Истанбул, 14 во Букурешт и 15 во Атина.

Доколку некој од пријавените граѓани за гласање во ДКП-та за референдумот допатуваат во Македонија нема да може да го остварат тоа право во земјата бидејќи неговото име ќе биде во посебните изводи од Избирачкиот список наменети за дијаспората. Гласањето во дијаспората започнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот по локално време.

Во сабота на 29 септември гласање ќе се спроведува и за болните и немоќните лица, за затворениците и за лицата во домашен притвор.

dikreferendum

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Горан Наумовски11/01/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен