Првенците на генерацијата од Кочани ќе летуваат на островот Паг

Од:

Првенците на генерацијата од Кочани од 3 до 10 јули ќе летуваат на островот Паг, Република Хрватска. Ова е награда од општина Кочани и градоначалникот Ратко Димитровски за постигнатите успеси во школувањето.

Наградата е резултат на повеќегодишната соработка на општина Кочани со хрватската Крижевци. На одмор ќе заминат осумтемина најдобри ученици од основните и од средните кочански училишта.

По иницијатива на градоначалниците на Кочани и на Крижевци, Ратко Димитровски и Бранко Хрг, трета година се реализира меѓуопштинската соработка за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква.

На средбата на учениците со градоначалникот Димитровски пред нивното заминување, беше истакнато дека овие две пријателски општини настојуваат да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето, а тие во Паг ќе бидат амбасадори на Кочани и на Македонија.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од општината добија и по 6.000 денари.

Би можело да ве интересира

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја