Првата пациентка со коронавирус пуштена дома, негативна е на второто тестирање

Од:

Министерството за здравство преку писмено соопштение информира дека првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Стабилни се и 5-те пациенти во Дебар, велат од Министерството.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на коронавирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, сите тројца контакти на претходно заболените.

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово одржа редовен состанок со Комисијата за заразни болести, на која се разговараше за состојбата со овој вирус во земјава.

Во моментов, се одржува состанок со кризниот штаб во Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска