Прва студентска конференција на УКЛО по повод Светскиот ден на науката

Од:

Во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола и Техничкиот факултет-Битола по повод Светскиот ден на науката, денеска во Битола ќе се одржи Првата студентска конференција на тема „Техниката и урбаниот развој“.

Конференцијата ќе ја отвори проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски и претставници од организаторот и студенскиот парламент.

Првата студентска конференција на УКЛО, како што велат организаторите, е одговор на нужната потреба од размена на идеи помеѓу студентите, нивните професори и стопанствениците за влијанието на науката и техниката во решавањето на актуелните енергетски, сообраќајни и проблеми со одржливиот развој на градовите.

Инаку како интерфакултетска, конференција има едукативен и апликативен карактер со што се овозможува студентите да ги продлабочат своите знаења во областите од нивниот интерес, а од аспект на одржливиот урбан развој, има голема важност, а главна цел ни е „теренот и податоците да ги донесеме во лабораторија, додека науката да ја изнесеме на терен“.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска