Прва работилница на ЛАГ „Бојмија“ одржана во Богданци

Од:

Локалната акциска група „Бојмија“ која неодамна беше формирана од општините од југоисточниот регион, во Богданци ја одржа првата работилница за усогласување на стратегијата за рурален развој со националните политики и програми на ИПА механизмот.

Претседателот на Управниот одбор, Митко Влахов ги претстави активностите за рурален развој на ЛАГ „Бојмија“, а претставникот од Центарот за локален развој од Радовиш, Александар Јашков ја презентираше националната стратегија за рурален развој на Република Македонија.

Во текот на дискусијата беа дадени насоки, сугестии и забелешки во однос на усогласувањето на стратегијата за локален развој на ЛАГ „Бојмија“ со националните политики и програми на ИПА механизмот, а беа одговорени и сите актуелни прашања кои беа поставени од страна на присутните учесници.

Работилницата во Богданци се одржа во рамки на проектот за зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источниот и југоисточниот плански регион, кој е финансиран од ЕУ преку ИПА 2 механизмот за граѓанските организации.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он