Прва онлајн студентска конференција за глобалните климатски промени

Од:

Прва студентска конференција за глобални климатски промени беше организирана од студентските собранија на Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ – во соработка со професорите од трите факултети и Комисијата за наука при Универзитетското студентско Собрание.

Со цел да се земе интердисциплинарен пристап кон климатските промени и како тие влијаат во одредени сегменти, студентите од овие три факултети заеднички создадоа платформа каде може да се истражат одредени теми релевантни за студентите, и да се претстават и појаснат за нивните колеги.

Конференцијата се одржа онлајн, на платформата Zoom и на неа беа образложени трудовите на студентите – Јана Ќортошева (Термалниот стрес како фактор за намалена адаптивност и продуктивност кај фармските животни), Доротеа Огненовска (Влијанието на климатските промени врз животинскиот свет проследено низ книжевни –теориски примери и развојот на климатскиот жанр во фикцијата), Кристина Тодорова (Биолошки мерки за спречување на заразите кај населението зафатено од поплави предизвикани од климатските промени), Марија Башеска (Влијанието на климатските промени врз секторот земјоделство во Република Северна Македонија), како и Бојана Алексова и Александар Стојаноски (Современите климатски промени во Македонија и нивното влијание врз еволуцијата на релјефот).

– Главната цел на Студентската конференција за глобални климатски промени е подигањето на свеста во општеството за влијанието на климатските промени врз флората и фауната, особено кај студентите кои како идни ветеринарни доктори, земјоделски и шумарски инженери ќе треба да изнајдат решенија за бројните проблеми со коишто се соочува модерниот свет. Сакаме да ги мотивираме нашите колеги да истражуваат за темите кои ги интересираат, како и да ја разбиеме монотонијата на студирање и со тоа да им дадеме можност на студентите за соработка со истакнатите професори како и студентите од различни области, работа на проекти и најважно – можност за надоградба во нивните идни кариери, истакна Јане Влахов, главен координатор на СКГКП.

Како дел од конференцијата д-р Мартин Николовски од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје ја одржа он-лајн работилницата „Како да се напише и објави научен труд“. Со помош на таа работилница учесниците ги стекнаа основите на научно-истражувачката дејност.

Презентираните, односно објавените трудови се рецензирани од страна на Научен одбор, во однос на анализата и корекциите на трудовите, и ќе се објават во официјалниот Зборник на трудови на конференцијата.

Би можело да ве интересира

Студентите со апел до Владата и до МОН да го продолжат бесплатниот превоз за студентите

Горан Наумовски

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Горан Наумовски

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски

Студентите бараат информација дали и во 2025 година ќе има за нив бесплатен јавен превоз

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски