А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прва литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј во Битуше

by А1он25/05/2017 - 09:25164
Share0

Во долнореканското село Битуше во присуство на поголем број верници, Бигорската обител и сестринствата од Рајчица и Пречиста, вчера првпат се одржа литургија во Бигорскиот скит на Светите Кирил и Методиј.

Добивај вести на вибер

– Прв пат новиот, се уште недовршен храм, го почувствува свештениот литургиски целив и се причести со Божествената благодат од осветувањето на чесните Дарови. Живиот, пак, и радосен израз на лицата на присутните посведочи дека навистина пасхалната благодат го исполни тоа чудесно место над Битуше, велат од Бигорската обител.

Игуменот на Бигоскиот манастрр,Анхмандрит Партениј, во своето слово изговорено на Литургијата, веднаш по читањето на Светото Евангелие меѓу другото рече дека оваа година одданието на Пасхата се спојува со уште едно големо празнување – сечесниот спомен на нашите духовни татковци и учители во Христа, светите рамноапостолни Кирил и Методиј, просветителите на не малобројните словенски народи.

– Сесветиот Бог и нив, подобно на апостолите, ги направил причесници на Божествената светлина. Затоа и Црквата ги нарекува еднакви на апостолите. Посакувам Светите Кирил и Методиј да измолат од Бога мир и единство за сите словенски народи, а особено за Татковината во која се родиле и каде што нивното дело вродило со најголем плод преку нивните најславни ученици – Светите Климент и Наум Охридски,рече Анхмандрит Партениј.

Бигорскиот скит, по инцијатива на Анхимандрит Партениј, почна да се гради пред три години, а се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над Битуше.

По литургијата во дворот на скитот, свиреа потомците на „Мајовци“.

bitusempc

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 21:47

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ09/05/2025 - 18:0709/05/2025 - 18:11

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 08:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен