Прв состанок на Управниот одбор на проектот „Поддршка за реорганизација на јавната администрација“

Од:

Управниот одбор на двогодишниот ИПА проект „Поддршка за реорганизација на јавната администрација“, чија цел е обезбедување на непречена стручна и техничка поддршка, како и следење на напредокот во имплементација на предвидените проектни активности, денеска го одржа првиот состанок.

На состанокот се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседавачот на Управниот одбор Билјана Николовска Жагар, како претставници на МИОА, како водечка институција и краен корисник во спроведувањето на проектот и Ружица Андроникова, преставник на Делегацијата на Европската Унија.

Целта на овој проект, чија имплементација започна лани во ноември, е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и зајакнување на етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација. Предвидено е тоа да се постигне преку спроведување на функционална анализа, а во рамки на проектот ќе се донесе и нов Закон за организација и работа на органите на државната управа.

Како што информираат од МИОА, министерот Манчевски истакнал дека реорганизацијата на јавната администрација не е изолиран проект на МИОА, туку е еден од стратешките приоритети на Владата. Нешто што историски, првпат се прави во нашата држава. Поставувањето на јасни линии на отчетност, спојувањето на институции со исти надлежности и намалувањето на бројот на институции, додал, е болен процес за нас политичарите, но е долго време очекуван за граѓанните и ќе придонесе кон зголемување на професионалноста и ефикасноста на јавната администрација.

Во Управниот одбор членуваат претставници од Министерство за информатичко општество и администрација, Генерален секретаријат на Владата, Делегација на Европска Унија, Државната комисија за спречување на корупција, Министерство за финансии, Град Скопје и Инспекцискиот совет, додека пак како набљудувач е Секретаријатот за европски прашања.

Би можело да ве интересира

На еден месец пред техничка Влада врие од огласи за вработување во државно: Само ЕСМ бара над 500 лица

Орце Костов

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Нема веќе пиши се Албанец за работа во јавна администрација – секој ќе има административен профил

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски: Обезбедуваме современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација

Груби: Помалубројните заедници не се доволно застапени во јавната администрација

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски